вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Тројца повредени во тешка сообраќајка на патот Битола-Демир Хисар

Тројца повредени во тешка сообраќајка на патот Битола-Демир Хисар

Три лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за с.Лисолај.

Во несреќата учествувале „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(43) од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(55) од с.Лесково, Демир Хисар.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката од истото возило К.С.(36) од Демир Хисар, а возачот С.Ј. се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус