Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 20.10 часот се случила во Штип на ул.„Брегалничка“.
Во несреќата, информира МВР, учествувале „форд мондео“, управувано од Д.И.(35) од Штип и „ауди а3“, управувано од Ѓ.Н.(51) од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Н., а со телесни повреди се здобиле Д.И. и уште еден сопатник од возилото „ауди“, А.Б.(37) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, истакнуваат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.