петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка на „Илинденска“

Тројца повредени во сообраќајка на „Илинденска“

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 19 часот на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“.

МВР информира дека во несреќата учествувале автомобил „цитроен“, управуван од И.Е.(31) од Скопје и автомобил „даихатсу“, управуван од С.Г.(52) од Скопје, двата со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус