четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 102
home Хроника

Тројца пешаци тешко повредени во сообраќајни несреќи, меѓу нив и дете

Тројца пешаци тешко повредени во сообраќајни несреќи, меѓу нив и дете

Министерството за внатрешни работи денес информира за три сообраќајни несреќи во кои повредени се тројца пешаци и еден мотоциклист. Меѓу повредените пешаци е и 11 годишно дете.

Првата несреќа се случила во 15.45 часот со селото Ракитец кога автомобил „мицубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од с.Ракитец удрило во 11-годишен пешак.

Детето со тешки повреди било пренесено во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош.

Во скопско Инџиково е регистриран вториот случај кога во 18.30 часот мотоцикл „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(34) од Скопје, удрил во пешакот В.М.(19) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

На улицата „Довлеџик“ во Битола, автомобил „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од Битола, удрило во пешакот А.Ф.(20) од Битола.

Во незгодата А.Ф. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Полициски екипи во сите три случаи извршиле увид на лице место.

Коронавирус