сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 40
home Хроника

Триесетдневен притвор за скопјанец за поседување оружје

Триесетдневен притвор за скопјанец за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 53-годишен скопјанец за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител од ОЈО Скопје ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице до судот достави предлог и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.

Како што соопшти ОЈО Скопје, при  рутинска контрола на возило марка БМВ на 15-ти овој месец во 15:00 часот, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје,  пронајдено е оружје и тоа  пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.

По барање на  јавен обвинител и одобрување од  надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож-Бодеж, двоглед и друга опрема. 

Коронавирус