Три пожари вчера избувнаа во Македонија.
Околу 07.00 часот, во работилница за прозори и врати на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, сопственост на С.П.(58) од Скопје, од засега непознати причини, избувнал пожар, при што биле опожарени врати, прозори, иверка и медијапан, како и машини за изработка на прозори и врати. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат во 08.30 часот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
Вчера околу 23.30 часот во еден од хангарите на земјоделската задруга „Слобода“ во село Зелениково, скопско, избувнал пожар при што изгореле околу 1.200 бали сено. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.
Додека пак, вчера околу во 23.55 часот на улица „Вамбел“ во Скопје избувнал пожар во барака сопственост на Е.Д., а на соседната барака, сопственост на М.Р., и била опожарена кровната конструкција. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денот.