вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Три млади лица повредени во сообраќајка во Скопје

Три млади лица повредени во сообраќајка во Скопје

На 20.12.2018 годинa во 01:40 часот било пријавено дека на крстосницата од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.З.(22) од Скопје и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.З.(23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Фолсваген голф“ Ф.З.(18), а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило А.Ш.(20) од Струга, како и Е.З. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Коронавирус