вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Три лица во Куманово не го почитувале полицискиот час

Три лица во Куманово не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Куманово

-Двајца од нив се движеле со патничко моторно возило, патувајќи од с. Липково кон с. Гошинце, кумановско, за време на полицискиот час.  Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Обвинителствоѕо.

Третото лице, пак, за време на полицискиот час управувало со трактор во близина на с. Романовце.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Коронавирус