петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Хроника

Три лица викендов каснати од куче, друго куче отруено во Аеродром

Три лица викендов каснати од куче, друго куче отруено во Аеродром

Полицијата регистрирала три случаи каде две машки и едно женско лице биле каснати од куче скитник.

Во неделата две лица, во период од 40 минути биле каснати од куче скитник на улицата „Иван Хаџи Николов“.

Т.Н. (29) бил каснат во пределот на левата нога, по што побарал лекарска помош во Клиничкиот центар.

С.Б.(30) пријавила дека на истата улица била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Третиот случај вчера го пријавил 21 годишниот А.Т. кој истакнал дека во саботата

на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница.

Во МВР вчера утрината бил пријавен случај на труење на куче.

-Д.Ј.(61) пријавила дека на 23-ти на бул.Јане Сандански  бб Скопје, на тротоарот, забележала куче скитник без знаци на живот, по што заедно со соседите телото на кучето го однеле на ветеринар, кој по извршениот преглед констатирал дека смртта на кучето настанала од труење, информираат од полицијата.

Коронавирус