недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 42
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Хроника

Три лица тешко повредени во сообраќајка во скопско

Три лица тешко повредени во сообраќајка во скопско

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:40 часот на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и локален пат за с.Никиштани.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „Шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од с.Никиштани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.