понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 196
home Хроника

Три лица тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово

Три лица тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово

Три лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која синоќа околу 20.30 часот се случилана автопатот Скопје – Куманово, во атар на с.Дељадровци.

Во сообраќајна незгода учествувале автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(28) од с.Миладиновци, скопско и влекач „сканија“, со приколка со унгарски национални ознаки,  управуван од Г.Т.(55) од Унгарија.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и сопатниците од неговото возило, А.М.(44) и А.Ф.(45), двете од с.Миладиновци, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

 Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Коронавирус