Денеска во 01:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, пријавено било дека кај нив биле донесени С.С. (52), С.С. (49) и Д.С. (52) сите од Скопје, со нанесени телесни повреди.
Имено, околу 01:00 часот тројцата движејќи се со такси возило кон населбата Шуто Оризари застанале на улицата “Виничка“.
Додека стоеле, им се доближиле неколку лица и физички ги нападнале.
По укажаната лекарска помош, лицата биле пуштени на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
loading...