среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Хроника

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ: Возило се преврте на автопатот „Мајка Тереза“

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ: Возило се преврте на автопатот „Мајка Тереза“

На автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово, вчера во 18,30 часот патничко мотроно возило „Опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ц.С. (40) од гостиварско, излетало од коловозот и се превртело.

Со тешки телесни повреди се здобил Ц.С. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје.

Коронавирус