среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Три лица повредени во тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Три лица повредени во тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Три лица од кои едно потешко се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 19.40 часот се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Во несреќата учествувале “опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувана од Н.С.(31) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка и “шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од Куманово.

-По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Локални избори 2021