недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Хроника

Три лица повредени во судир на автомобил и товарно моторно возило

Три лица повредени во судир на автомобил и товарно моторно возило

Во текот на вчерашниот ден во 13:20 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Р.А. (41) од Кавадарци и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А.(48) од с.Арачиново-скопско.

По незгодата двајцата возачи и сопатникот од возилото „Мерцедес“ М.Ј. (50) од Косово, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница-Прилеп каде од страна на лекар кај И.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а со повреди се здобиле и другиот возач и сопатникот.

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус