петок, 31. март 2023. Вести денес: 43
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка во скопско

Три лица повредени во сообраќајка во скопско

Сообраќајна несреќа, во која три лица се повредени се случила околу 10 минути по полноќ на локалниот пат Скопје – село Љуботен.

Патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (30) од село Љуботен, изгубило контрола, излегло надвор од коловозот и се превртело на лева бочна страна.

-Притоа, со повреди се здобиле возачот Р.И. и сопатниците Џ.И. (52) од с.Љуботен и Н.Д. (35) од с.Љуботен.  Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај сопатничката Н.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај Р.И. и Џ.И. биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.