понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

Три лица од кои едно потешко се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера утротона крстосницата од улиците „Киро Фетак“ и „Антон Димитров“ во Скопје.

МВР информриа дека во несреќата учествувале „Голф 5“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(62), во кое како сопатник се превезувал И.Б.(27) и „Голф 4“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Б.(43), сите од Скопје.

-По незгодата Б.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека В.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им се констатирани телесни повреди, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен е увид на местото на незгодата.

Коронавирус