четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 18
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка во населба Аеродром

Три лица повредени во сообраќајка во населба Аеродром

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.

Несреќата се случила кога патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово.

Како што соопшти МВР, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото „Цитроен Ц3“, Н.А. (39) од Скопје.

Сите три лица со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус