вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 127
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Три лица од кои две потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која е регистрирана вчера во 06:50 на патот СТруга-Дебар.

Во несреќата, учествувале „Пежо“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Р.Ш.(33) и „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(45), двајцата од с.Велешта, струшко.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.Р.Ш. и сопатникот – малолетник од истото возило, а со телесни повреди се здобил А.К., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.