петок, 10. јули 2020. Вести денес: 66
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Три лица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера 15,10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Како што информираат од полицијата, во несреќата учествувале “Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(56) од с.Копаница-скопско и “Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.И.(31) од Тетово.

-Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото “Фолксваген Голф“ Х.И.(24), А.И.(21) од с Копаница-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники  “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош. Друга сопатничка од истото возило Ф.И.(56) од с.Копаница-скопско се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “8 ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Парламентарни избори 2020