среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 161
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка на мост на реката Вардар

Три лица повредени во сообраќајка на мост на реката Вардар

На 21.10.2018 година во 20:40 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Стримница на мостот на река Вардар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ровер“ со тетовски регистерски таблици управувано од Б.Х.(19) од с.Стримница и патничко моторно возило “Ауди“  со тетовски регистерски таблици управувано од З.Д.(58) од с.Стримница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Д. а додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Р.Д.(47) и М.К.(47) кој  со друго возило биле пренесени во Клиничката болница Тетово.

З.Д. по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус