среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 16
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка кај Неготино

Три лица повредени во сообраќајка кај Неготино

На 21.07.2020 во 23:20 часот на регионалниот пат на крстосницата „20-ти километар“ кон Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу непознато моторно возило и патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(67) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М..Д.(36), додека сопатниците С.Д.(34) и И.В.(40), сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Штип.

Коронавирус