сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 49
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајка, излетале со автомобилот

Три лица повредени во сообраќајка, излетале со автомобилот
илустрација

Три лица се повредени, од кои 19-годишна девојка со тешки повреди, во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне.

Од МВР информираат дека несреќата е пријавена во 18,40 часот на регионалниот пат Зрновци-Бигла.

-„Форд фокус“ со винички регистарски ознаки управувано од М.С.(24) од Виница, излетало од коловозот. По незгодата во Медицински центар-Кочани на М.С. и сопатникот М.Ј.(25) од доктор им биле констирани повреди, а на сопатничката С.Ј.(19) и биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус