среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 150
home Хроника

Три лица повредени: Со автомобил излетал од патот Куманово- ГП Пелинце и удрил во дрво

Три лица повредени: Со автомобил излетал од патот Куманово- ГП Пелинце и удрил во дрво

На магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, на место викано „Бели Грамаде“, вчера во 17.30 часот, патничко возило „Сеат Ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo.

Во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди.

Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус