четврток, 22. април 2021. Вести денес: 38
home Хроника

Три лица, меѓу нив и дете, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Три лица, меѓу нив и дете, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Три лица се полесно повредени, меѓу кои дете на возраст од 3 години, во сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот се случила на автопатот Скопје-Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека патничко возило „Голф“ со тетовски таблици, управувано од 48-годишниот А.Џ. од Мала Речица, поради неприлагодена брзина, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во заштитната жичана ограда.

Тројца сопатници во возилото на возраст од 3, 19 и 24 години задобиле телесни повреди, со друго возило пренесени се во тетовската болница и по укажаната лекарска помош, пуштени се дома.

Причинетата материјална штета во овааа сообраќајна несреќа се проценува на 30 илјади денари.

Коронавирус