понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 61
home Хроника

Три лица каснати од кучиња скитници, на Клиника нема тетанус вакцина или серум

Три лица каснати од кучиња скитници, на Клиника нема тетанус вакцина или серум

Во Полициската станица Чаир, К.А.(31) од Скопје вчера пријавил дека на 3 април 2019 околу 20.30 часот на улица „Диме Мечето“ неговата 12- годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната и левата потколеница.

Исто така, вчера во 22.05 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот на булевар „Србија“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

Во 09.00 часот пак, во Полициската станица Демир Капија, З.П.(34) од Демир Капија пријавил дека вчера околу 06.00 часот бил каснат од куче скитник.

Инаку, на Клиниката за Инфективни болести речиси една недела немаат тетанус вакцина или серум.

Од Инфективна информираат дека ги потрошиле количините бидејќи имаат зголемен број на пациенти кои имаат потреба од ваква терапија, а кај нив доаѓале и од другите градови.

Нејасно е што прават пациентите ако не најдат лек во аптека.

Речиси секој ден во полицискиот билтен има по најмалку еден случај на каснат од куче.

Коронавирус