Три млади женски лица се повредени откако со автомобил „цитроен“, со кочански регистарски ознаки излетале од патот с.Зрновци-с.Грдовци.
Несреќата, информира МВР се случила вчера вечерта во близина на мостот на Брегалница, а автомобилот бил управуван од А.М.(31) од нас.Оризари, излетало надвор од коловозот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани, информира полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.