петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 37
home Хроника

Требало да бидат во изолација, но полицијата не ги нашла дома- кривична за 3 лица

Требало да бидат во изолација, но полицијата не ги нашла дома- кривична за 3 лица

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(57), А.Е.(32) и А.Ш., сите од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 22.01.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле проверки во домот каде престојувале пријавените, при што не биле пронајдени и покрај тоа што имале Решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација во домашни услови.

Притоа, било констатирано дека на тој начин ги прекршиле прописите издадени од надлежен орган за спречување на пренесување на заразната болест ковид-19.

ЕУРО 2020

Македонија