сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 32
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Хроника

Тракторите да се регистрираат секоја година, апелира кавадаречката полиција

Тракторите да се регистрираат секоја година, апелира кавадаречката полиција

Дванаесет незгоди во кои учествувале трактори се случиле минатата година на територија на Секторот за внатрешни работи Велес.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, најголем број несреќи имало во Кавадарци, осум, а по две во Неготино и Велес.

– Во девет од случаите, во незгодите учествувале нерегистрирани трактори, еден во Велес, шест во Кавадарци и два во Неготино. Во три од сообраќајките, се работи за регистрирани трактори, еден во Велес и два во Кавадарци, соопшти Додевски.

Според него, годинава се уште не е евидентирана сообраќајна незгода со учество на трактор.

За превентивно да се влијае и да се спречат евентуални сообраќајки, а имајќи предвид дека се интензивираа земјоделските активности, од кавадаречката полиција апелираа за почитување на законските обврски од страна на сите возачи на земјоделски машини од општините Кавадарци и Росоман.

– На возачите им укажуваме и за обврската за редовно регистрирање на земјоделската механизација – трактори и приколки. Должни се секоја година да ја регистрираат својата механизација. Не е точна информацијата дека земјоделската механизација се регистрира секои шест години, стои во соопштението од кавадаречката полиција.

Полицијата најавува превентивни акции на терен со укажување до возачите, а за сите кои ќе ги прекршат законските прописи ќе следуваат репресивни мерки.

Коронавирус