петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 133
home Хроника

Тракторист загина во Долно Соње

Тракторист загина во Долно Соње
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

И.Т.(62) од с.Долно Соње починал откако излегол од коловозот и се превртел управувајќи трактор.

Несреќата се случила вчера во 9:30 часот во скопско Долно Соње додека И.Т. управувал трактор  „масеј фергусон“ кој влечел приклучно возило – цистерна, без регистарски ознаки, информираат од МВР.

Од здобиените повреди И.Т. починал на местото на несреќата.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Коронавирус