среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Хроника

Тракторист пронајден починат откако се превртел со возилото

Тракторист пронајден починат откако се превртел со возилото
илустрација

Во Полициска станица Неготино, вчера вечерта Ѓ.В.(52) од с.Тимјаник пријавил дека во место викано„Бели Брест“ во близина на неговиот лозов насад од страна на Ј.М. сожител од с.Тимјаник бил пронајден неговиот дедо С.Р.(70) од с.Тимјаник со превртен трактор без знаци на живот.

-На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Неготино и доктор од итна медицинска помош Неготино при што констатирале дека при излегување од нива кон колскиот пат со мала удолница тракторот се превртел, и С.Р. бил потиснат од возилото, информираат од МВР.

Од доктор биле констатирани повреди од кои лицето починало. За настанот е запознаен јавен обвинител.

Коронавирус