понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 33
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци

ТРАГЕДИЈА: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци

Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци кај клучката на штипското село Криви Дол.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека работникот бил прегазен во 11 часот и 40 минути од машина за изградба на делницата Штип – Миладиновци.

Лекар од Итна медицинска помош од Свети Николе пристигнал на местото и ја констатирал смртта на работникот.

Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и на екипа на крим-техника од полицијата по што, најави Панајотова, ќе бидат соопштени детали.

Во тек е и обдукцијата на загинатиот градежен работник.

Коронавирус