среда, 15. јули 2020. Вести денес: 44
home Хроника

Трагедија во Виница: Паркирано товарно возило кое се придвижило усмрти жена

Трагедија во Виница: Паркирано товарно возило кое се придвижило усмрти жена

Кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, вчера попладне претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во две лица.

-Притоа, од здобиените повреди на местото починала З.А.(47) од Струмица, додека едно машко лице било пренесено Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Виница.