петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во скопско: Маж почина откако падна од пет метри висина

Трагедија во скопско: Маж почина откако падна од пет метри висина

На 03.04.2019 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:30 часот во индустриската зона „Чојлија“, атар на село Чојлија, скопско, од објект во изградба, Н.Н.(68) од Куманово, паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15:00 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус