вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Хроника

Трагедија во Скопје: Загина работник во комплексот на ФФМ

Трагедија во Скопје: Загина работник во комплексот на ФФМ

Голема трагедија се случи попладнево во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, откако падна кранот на кој што беше работник задолжен за одржување на хигиената на прозорците од зградата на Куќата на фудбалот. Работникот починал на лице место.

Нешто околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ – кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

За среќа, избегната била уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината.

ИЗВОР: СПОРТ 1