среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 106
home Хроника

Трагедија во Скопје: Излетале со Мерцедес од пат, тинејџер го загуби животот

Трагедија во Скопје: Излетале со Мерцедес од пат, тинејџер го загуби животот

Осумнаесет годишно момче од Скопје го загуби животот, а две лица се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека во 02,27 часот, Д.К.(18) од  Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

-Д.К. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус