недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 69
home Хроника

Трагедија во Скопје: Го убила сопругот со секира на први мај, еве ги деталите

Трагедија во Скопје: Го убила сопругот со секира на први мај, еве ги деталите

На 01.05.2019 година во 14.52 часот во СВР Скопје, П.И.(45) од с.Драчевица, скопско, пријавил дека го пронашол неговиот братучед С.И.(54) усмртен со удари од секира.

Според пријавеното, тој претходно ја видел Ф.И.(51)- сопруга на С.И., како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И.. Таа била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Кисела Вода.

По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус