недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Скопје: Безживотно тело на 7-годишно дете пронајдено во поток

Трагедија во Скопје: Безживотно тело на 7-годишно дете пронајдено во поток

Безживотно тело на 7-годишно дете било пронајдено во поток во скопското село Грушино, информира МВР.

-Вчера во 18 часот во Полициско одделение Арачиново било пријавено дека околу 11:00 часот во село Грушино од домот се оддалечил 7-годишниот Ш.Р. од село Грушино. Во 20:15 часот од страна на полициски службеници лицето е пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција – соопштија од полицијата.

Коронавирус