петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 140
home Хроника

Трагедија во Скопје: 26 годишен маж загина од струен удар

Трагедија во Скопје: 26 годишен маж загина од струен удар

Во текот на вчерашниот ден околу 16,50 часот во Скопје, во куќа на улица „Прохор Пчински“ при собирање на кабел со макара Н.Б.(26) од село Рашче добил струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош лицето е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор констатирана е смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус