петок, 7. мај 2021. Вести денес: 78
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД: Женски труп пронајден во езерото кај Љубаништа

ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД: Женски труп пронајден во езерото кај Љубаништа

Беживотно женско тело рано утрово е пронајдено во водите на Охридското Езеро во близина на брегот кај селото Љубаништа.

Телото го забележал случаен минувач за што ја известил полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител кој ќе го предводи увидот на лице место во присуство на полицијата.

СВР Охрид ја потврди информацијата без притоа да даде детали за идентитетот на жртвата ниту за околностите по кој се случил инцидентот.

Коронавирус