вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Хроника

Трагедија во Охрид: Маж почина откако со мопед удри во бандера

Трагедија во Охрид: Маж почина откако со мопед удри во бандера

На 05.03.2019 година во 13:30 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид мопед „Томос Спринтер“ без регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(71) од село Велгошти, охридско, излетал од патот и удрил во бандера.

Со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид  каде од здобиените повреди починал.

Увид на местото на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Локални избори 2021