петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 119
home Хроника

Трагедија во Македонија: Трактор се превртел и го потиснал, па починал на пат кон болница

Трагедија во Македонија: Трактор се превртел и го потиснал, па починал на пат кон болница

Вчера, околу 18 часот и 30 минути во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од село Локвени кон манастирот “Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.

Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите.

Смртта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус