петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Трагедија во Македонија: Познат идентитетот на мажот, кој беше најден мртов со прострелна рана во градите во својот дом

Трагедија во Македонија: Познат идентитетот на мажот, кој беше најден мртов со прострелна рана во градите во својот дом

На 26.01.2020 околу 08.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во семејниот дом на ул.„Стојан Сандески“ во Кичево, С.А.(50) од Кичево бил пронајден починат, со прострелна рана во пределот на градите.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево, при што до починатиот пронајден бил ловечки карабин „чешка зброевка“ кал.7,62мм и една испукана чаура.

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција на телото на починатиот, при што констатирано е дека С.А. починал како последица на испукан патрон при ракување со оружјето, по што телото на починатиот е предадено на семејството.