недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 57
home Хроника

Трагедија во Македонија: Момче почина по сообраќајка, повредени 4 лица

Трагедија во Македонија: Момче почина по сообраќајка, повредени 4 лица

На 28.11.2020 околу 04:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал.

Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Коронавирус