вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 95
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Излетал од патот и завршил во провалија каде загинал на лице место, автомобилот го забележал случаен минувач

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Излетал од патот и завршил во провалија каде загинал на лице место, автомобилот го забележал случаен минувач

Четириест и четиригодишен жител на селото Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија.

Несреќата се случила завчера во периодот помеѓу 23 до 23.30 часот на локалниот пат Арбанашко – Кокино, кога Д.П (44) со своето возило „голф 2“ се движел код градот. Од непознати причини возилото излетало од патот и паднало во провалија.

„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Телото е пренесено во Општата болница Куманово, а се работи на расчистување на причините за несреќата.

Коронавирус