сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Хроника

Трагедија во Македонија: Еден починат, неговото тело на обдукција- повредени уште 4 лица

Трагедија во Македонија: Еден починат, неговото тело на обдукција- повредени уште 4 лица

Во СВР Штип вчера во 4,28 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–с.Крупиште В.Ј.(18) од Кочани, управувајќи патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

МВР денеска соопшти дека во незгодата возачот починал на местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници едно лице на 17-годишна возраст и И.А. (18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево кои биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Другите двајца сопатници Ф.Д.(18) и Д.Г.(18) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Телото на починтиот е предадено на обдукција.

Коронавирус