четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 63
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Удрил во три лица додека влегувале во паркиран автомобил, едно починало во болница

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Удрил во три лица додека влегувале во паркиран автомобил, едно починало во болница

Едно лице почина, а две се повредени откако вчера во нив удрил автомобил. Несреќата, информира МВР, се случила околу 13:30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.

-Автомобил „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки управуван од М.П.(70) од Куманово, удрил во паркирано патничко возило  „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото, информира МВР.

По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус