Млад човек почина денеска во Кичево додека возел на пробна трка.
Како што дознава Курир, лицето излетало од патот и починало на лице место.
Од МВР за КУРИР информираат дека починатиот е А.К. роден во 1961-ва година.
Пред несреќата тој возел на пробната трка со својот автомобил „Рено твинго“, подготвувајќи се за утрешната ридско-брзинска трка.