сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во гостиварско: Маж починал дома, жената истиот ден во болница

Трагедија во гостиварско: Маж починал дома, жената истиот ден во болница

Во СВР Тетово вчера попладне било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од с.Добридол.

Тој живеел со сопругата Е.М.(74), која истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

-Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта, информираат од СВР Тетово.

Коронавирус