недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Хроника

Трагедија во гевгелиско: Излетале од пат со возило, мажот го пронашле починат

Трагедија во гевгелиско: Излетале од пат со возило, мажот го пронашле починат

Несреќа во која едно лице е починато се случила доцна синоќа околу 1:30 часот по полноќ.

На локалниот пат с.Стојаково – с.Богородица, А.П.(54) од с.Стојаково, управувајќи автомобил „сеат леон“, со гевгелиски регистарски ознаки, во кое како сопатник се превезувала и неговата сопруга, излетало од патот.

-Откако пристигнала екипа на Итна медицинска помош тој починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција, информираат од МВР.

Коронавирус